Гвардиола го брани „журкаџијата“: Нема шанси да го исфрлам од тимот

Бенжамен Менди ќе биде казнет од Манчестер сити откако организираше журка за Нова година во својот стан и покрај забраната за собирање во екот на панедмијата со корона-вирусот што владее во Велика Британија.

Менди е цел на строги критики, се бара и строга казна за него, а во одбрана на францускито интернационалец застана тренерот Пеп Гвардиола.

„Нема шанси да го исфрлам од тимот. Менди е дел од Манчестер сити и човек со добри намери и огромно срце. Не го оправдувам кршењето на правилата, но лесно е да им се суди на другите. Секој нека си ја гледа својата работа“, изјави Гвардиола.

Фотографии од новогодишната журка на Менди објавија англиските медиуми и се бара тој да биде строго казнет.

Сити најави истрага и сигурно ќе го казни 26-годишниот бек, кој е член на клубот од 2017 година, но малку играше и често беше повреден.

 

- Оглас -

Најнови вести