Еден од најдобрите ракометари се закани дека нема да игра на Мундијалот

Уште една недела останува до стартот на Светското ракометно првенство во Египет, а веќе се појавуваат непланирани проблеми. Данскиот ракометар Микел Хансен, кој е и еден од најдобрите на денешницата, се закани дека нема да биде дел од Мундијалот затоа што е дозволено на трибините да има навивачи.

Според одлуката на организаторот, сите ракометари ќе бидат во „балон“ и нема да смеат да се мешаат со други луѓе, но сепак опасноста од корона-вирусот е присутна затоа што се дозволи на трибините да има и до 5.000 навивачи.

„Треба ли да се игра првенството? Не смее да има навивачи на трибините. Нека ми објаснат во што е поентата ние ракометарите да бидеме изолирани во хотел, да патуваме со посебни автобуси и да имаме постојано маска на лицето, кога потоа треба да излеземе на терен, а на трибините да има илјадници навивачи. Ризокот е огромен. Добро ќе размислам дали ќе патувам на Светското првенство“, рече Хансен.

Данска е во група со Аргентина, Бахреин и Конго, а на турнирот ќе биде во улога на бранител на светскиот ракометен трон.

 

- Оглас -

Најнови вести