Милан дефинитивно без Ибра, Јуве стравува од резултатите од тестирањето за корона-вирусот

Екипата на Милан и дефинитивно нема да смета на услугите на својот најдобар стрелец Златан Ибрахимовиќ на утрешното дерби од Серија А против Јувентус. Иако шведскиот ветеран е при крај со рехабилитацијата и тренира сам, сепак тренерот Стефано Пиоли не го зеде предвид за дербито на кое Росонерите ќе го бранат врвот.

Златан пред да се повреди, блескаше (10 гола на шест меча, а Јуве има и еден меч помалку) и неговото отсуство ќе биде хендикеп за единствениот непоразен тим во Топ 5 лигите. Вака во нападот на Милан ќе бидат Ребиќ и Леао.

Милан има огромна бодовна предност, има 10 бода плус, но тренерите не мислат дека евентуален пораз на Јуве ќе значи крај на надежите дека може да ја одбранат титулата.

Во Јувентус се загрижени околу здравјето на нивните фудбалери. Алекс Сандро е позитивен на ковид-19 и нема да игра, а се чекаат резултатите од тестирањето и ќе се види дали Сандро заразил некого. Сомнителен бил Пауло Дибала, кој вчера имал настинка, но денеска бил подобар. Дибала пред неколку месеци веќе прележа корона-вирус, па не би требало повторно да е заразен.

- Оглас -

Најнови вести