Јуве го одложи патувањето до Милано

Заразените фудбалери Алекс Сандро и Хуан Квадрадо го вклучија алармот во редовите на Јувентус, па екипата го одложи патувањето во Милано за утре изутрина.

Целиот тим на Бјанконерите заедно со стручниот штаб ќе мора повторно да се тестираат за ковид-19 во пресрет на дербито против Милан.

Ова е превентивна мерка со цел да не се создаде кластер и да се загрозат членовите на двата гиганти. Дополнителни грижи донесе и Пауло Дибала, кој вчера наводно имал висока температура.

Затоа ќе чекаат до утре изутрина, а доколку нема нови позитивни случаи, актуелниот италијански првак ќе трне на пат кон Градот на Модата каде што ќе ги одмери силите со моменталниот лидер во Серија А.

- Оглас -

Најнови вести