До почетокот на новата сезона во МЛС лигата има уште месец и половина, а дотогаш Дејвид Бекам треба да го засили својот Интер Мајами во играчкиот, но и во стручниот кадар.
На тренерот Диего Алонсо му се подготвува отказ, а за нов тренер Бекам најверојатно ќе го назначи неговиот поранешен соиграч од Манчестер јунајтед и англиската репрезентација, Фил Невил.
Невил ја градеше тренерската кариера во англискиот нисколигаш Салфорд сити, а моментално е селектор на женскиот А тим на Гордиот Албион. Бекам е подготвен да го доведе својот долгогодишен пријател во САД и да му даде клупски предизвик.
Дебитантската сезона за Интер Мајами не се одвиваше според планот. Лани екипата заврши на 19-тото место во МЛС лигата по водство на Алонсо, со само седум победи во 23 натпревари.