Трагедија во Португалија – На терен почина 24-годишен фудбалер на Алверка, бразилски клуб прогласи тридневна жалост (Видео)

Бразилскиот фудбалер Алекс Аполинаро почина од срцев удар во Португалија, а трагичната судбина на 24-годишниот играч за врска ги потресе двете земји.

Играчот на Алверка доживеа трагична судбина, сосема неочекувано падна на терен за време на дуелот меѓу Алверка и Униао де Алмеирима, а медицинските лица не успеаја да го спасат. Објавено е дека Алекс претходно немал никакви здравствени проблеми.

https://streamable.com/h7r3pe

Во Алверка, кој му беше третиот клуб во професионалната кариера одлучија да го повлечат дресот со број 99 во негова чест.

Матичниот клуб, Ботафого од Бразил одлучи да прогласи тридневна жалост за момчето што на 15 години пристигна во младинската Академија на познатиот клуб.

Потоа беше член и на познатиот Крузеиро и на Атлетико Паранаензе, од каде се пресели во редовите на португалскиот третолигаш Алверка, клуб кој има играно и во популарната Примеира лига, што е најсилен фудбалски ранг на натпревари во Португалија.

- Оглас -

Најнови вести