Најдобриот странец кој некогаш го носел дресот на македонската кошаркарска репрезентација, Лестер Бо Мекејлеб, не заборави на своите пријатели во Македонија и Србија, односно семејства како што тој ги нарекува, да имго честита големиот православен празник Божиќ.
Мекејлеб засекогаш ќе остане миленик на македонскиот народ за радоста која ни ја донесе за време на Евробаскетот 2011 година, кога нашиот А тим на чело со Марин Докузоски стана четврта кошаркарска сила во Европа.
Одлични партии пружи и во дресот на Партизан, со кои играше на Ф4 турнирот во Евролигата во 2010 година.
„Среќен Божиќ до моите семејства во Македонија и Србија“, напиша Бо на „Твитер“.
https://twitter.com/lmccale4/status/1346998051466924032