Актуелниот српски првак Црвена ѕвезда се обидува да доведе големо засилување за вториот дел од сезоната во кој Црвено-белите ќе играат во нокаут фазата од Лигата на Европа против Милан.
Станува збор за најтрофејниот фудбалер од Гана со 13 трофеи (6 Скудета), Квадво Асамоа, кој моментално е без клуб откако изминатото лето му заврши соработката со Интер. Асамоа преферира да остане во Серија А, меѓутоа фактот што ќе настапува на меѓународната сцена е доста примамлива понуда.
Репрезентативецот на Гана во главно игра на левата бековска позиција, но може да биде и поофанзивен, а неговото искуство и тоа како ќе му биде од корист на белградскиот гигант.