Атлетико Мадрид вечерва на свој терен требаше да игра против Атлетик Билбао, но тој дуел е одложен поради снежното невреме кое го зафати главниот град на Шпанија. Фактот дека викендов ќе одмора, ѕвездата на Јорганџиите, Маркос Љоренте го искористи да ужива во снежното време.
Љоренте облечен само во шорц за капење, се појави на снегот и со пиво во раката легна на столчето да ужива како што вообичаено се прави во летните сончеви денови.
View this post on Instagram