Барса купува дефанзивец само за пет милиони евра

Барселона ќе издвои пет милиони евра за ангажманот на Ерик Гарсија, стоперот на Манчестер сити.

Наместо Каталонците да чекаат по крајот на сезонатa, кога ќе може да го доведат младиот шпански играч без отштета кога ќе му заврши соработката со Граѓаните, тие издејствуваа за ангажманот да се случи уште овој месец.

Куман конечно ќе добие освежување во одбраната, Гарсија ќе пополнува место поради честите повреди кај неколку првотимци.

Инаку Гарсија ќе се врзе за пет и полгодишен договор на „Камп ноу“.

- Оглас -

Најнови вести