Хичем Дауд воодушеви со фудбалските вештини на загревањето пред мечот меѓу неговата репрезентација Алжир и Мароко во Магреб-дербито на ракометниот Мундијал во Египет.
Левото крило на Алжир покажа умешни фристајл фудбалски вештини, а потоа одигра солидно и на ракометниот терен и помогна Пустинските лисици да избегнат пораз, иако постојано губеа сè до 57-мата минута од Мароко.
Алжирците славеа, Дауд постигна два гола во победата од 24:23, а фудбалската кратка претстава што ја приреди пред мечот, неговите сонародници ја споредуваат со таа на најпознатиот алжирски фудбалер во моментов, Ријад Марез од Манчестер сити.
https://twitter.com/Egypt2021/status/1349890028583985160?s=20