Најслабото полувреме кое Македонија го одиграла во својата историја

Македонија е во големи проблеми по првото полувреме во кое губи со 20:6 од домаќинот на ракометниот Мундијал, селекцијата на Египет. Без Кузмановски во второто полувреме ќе мора да се спасуваме од ново тешко разочарување, откако еден од клучните играчи на Брестовац заработи црвен картон за остар старт врз противникот.

Египќаните уште на стартот поведоа со два гола разлика, на што Кузмановски последователно одговараше, па и Лазаров рано го отвори своето конто во ситуација кога игравме со ракометар помалку. Зонската одбрана „6-0“ на домаќинните беше тешка за пробивање, додека ја користеа физичката надмоќ да го полнат голот на Митревски за +5 по десетина минути во првото полувреме.

Негативата постепено растеше како резултат на постот од речиси 10 минути во кој Македонија немаше постигнато погодок. Пешевски и Лазаров едноподруго погодуваа за намалување на 10-6, а се разбрани и Томовски кога беше најпотребно. Во моментот кога конечно нашите ракометари се разиграа, проблеми направи исклучувањето на Кузмановски, кој по остриот старт заработи црвен картон во 19-тата минута.

Неколку нереализирани напади на Македонија значеше дека египетските ракометари ќе се вратат на нивната предност од +7, а потоа највисоки +14 гола, односно заостаток кој со многу мака и пот ќе треба да се брка во вторите 30 минути.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести