Светската ракометна федерација ИХФ, донесе одлука за натпреварот помеѓу Германија и Зеленортски острови да се регистрира со службена победа на Германците од 10-0, затоа што двајца играчи на Капе Верде се заразени со корона-вирус и тимот нема 10 здрави играчи, што е минимумот за еден меч да се одигра на Мундијалот во Египет.
Правилото е секој тим за да игра, мора да има барем негативни резултати на 10 играчи од кои еден голман, на 48 часа пред меч. Да биде хаосот поголем, еден од двајцата позитивни, вчера имал негативен тест, но бидејќи тоа се случи на помалку од 48 часа пред дуелот, не смее да игра и Германија без борба освои два бода.