Златна победа на Интер – Јувентус е декласиран, десеттото Скудето по ред ќе остане само сон (Видео)

Интер го победи Јувентус со 2:0 во Дербито на Италија, а со играта и според шансите заслужи и многу поубедлив триумф на „Џузепе Меаца“.

Домаќините беа многу подобри вечерва од најголемиот ривал во Серија А, а најава за победа стаса веќе во 13. минута. Артуро Видал погоди со удар со глава против поранешниот тим, што им дацде крилја на играчите на Интер, кои доминираа во првото полувреме.

Лаутаро Мартинес промаши идеална шанса за 2:0, но Интер не попушти со темпото и буквално го прегази Јувентус во првите 45 минути.

Кога Николо Барела погоди за два гола предност во 53. минута веќе се наѕираше победникот на големото италијанско дерби.

Јувентус се обиде да постигне почесен гол, за да се врати во игра, но гостите играа многу лошо и не ја покажаа силата на шампион што освои 9 Скудета по ред.

Сега ќе биде тешко да се надомести негативата од 7 бода во однос на водечкиот тандем Милан и Интер кои имаат по 40 бода на врвот на табелата.

Јувентус е петти со 33 бода, а пред Старата дама се и Наполи и Рома со по 34 бода.

 

- Оглас -

Најнови вести