Македонските ракометни репрезентативци со играта во второто полувреме која им донесе победа од 32-29 против Чиле, покажаа дека не им е местото во Претседателскиот куп каде играат осумте најслаби, туку во главната фаза во која се 24-те најдобри на Светското првенство во Египет.
Македонија ја продолжи серијата на секој ракометен Мундијал да има барем по една победа. Сега следува еден ден пауза, а па пресметки со Словенија, Русија и Белорусија.
Откако во првото полувреме, избраниците на Данило Брестовац примија дури 17 голови, во второто се бранеа подобро и тоа даде резултат. И голманите Митревски и Томовски беа расположени, па Чиле немаше водство во речиси ниту еден момент од второто полувреме.
Капитенот Кирил Лазаров со 8 голови беше прв стрелец во македонскиот национален тим, а го следеа Костески и Пешевски со по 5.