Чилиќ ја донесе Хрватска на чекор од титула во Дејвис купот

Марин Чилиќ го совлада Жо Вилфред Цонга со 6-3, 7-5, 6-4 за водство на Хрватите од 2-0 во финалето на Дејвис купот во тенис. Претходно, истотака во три сета, Чориќ беше поуспешен од Шарди.

Домашниот терен и играњето пред 19.444 гледачи (додуша околу 1.500 се Хрвати и тоа доста гласни) засега не значи ништо за Французите и тие се на прагот на пораз. Неиграњето на Симон, Монфис и Гаске, за нив е преголем хендикеп.

Клучниот гејм беше во третиот сет кога при 2-2, Цонга направи двојна сервис грешка за губење на гејм на свој сервис, потоа замина на мини-медицински третман, а Чилиќ поведе со 4-2 и ширум си го отвори патот до победата.

Хрватска уште утре после мечот во двојки, може да дојде до втората титула во ова натпреварување кое се игра за последен пат во овој формат. Доколку победи францускиот дубл, за титулата ќе решаваат преостанатите сингл мечеви, закажани за недела.

- Оглас -

Најнови вести