МЗТ се коцкаше непотребно, едвај се извади со победа од еден поен разлика

МЗТ Скопје непотребно се коцкаше на дуелот со Хелиос од АБА 2 лигата, но на крајот се извади и победи со 70:69 во Бањалука.

Скопјани ги добија првите три четвртини и најавија мирен финиш, но им се случи голем пад во играта во последните 10 минути.

Хелиос го доби последниот период со 23:12 и го имаше последниот напад и за победа. Претходно на 18 секунди до крајот со тројка израмнија на 69:69, па направија фаул за слободни фрлања.

Мекиќ погоди едно од двете слободни фрлања што се покажа како доволно за нова победа, петта на шест меча.

Олуџоби со 16 поени беше најефикасен кај МЗТ Скопје, а Бојиќ беше само вториот кошаркар со двоцифрен учинок и постигна 12 поени.

 

- Оглас -

Најнови вести