Неверојатно драматична случка му се случила на еден обложувач од Куманово. Играчот имал добитен тикет во Sport Life, и тоа не каков било, туку за уплатени 50 денари, можната добивка му била 286.898 денари, но „финтата“ е во тоа што куче му го изгризало тикетот за којшто исплатата е 243.871 денари.
Што кога куче ќе ви го изеде тикетот? Според информациите од Куманово, уплатата не била со СЛ Клуб картичка, но сопственикот на тикетот веќе е исплатен од Sport Life.
Инаку кумановецот одиграл мајсторски, во средата типувал на 10 меча на конечен тип и 2 до 5 гола. За негова среќа, сите резултати му отидоа во прилог, а најмногу среќа имал на два меча, на кои пенали во 90-тата минута му помогнаа да биде добитен. Манчестер сити својот втор гол против Астон вила го даде од пенал во 90-тата минута, а Херенвен против Емен до победа од 2-1 дојде со пенал исто така во последната минута од регуларните 90.
Погледнете го добитниот тикет, или барем она што останало од него: