Швајцарецот Урс Криенбул доживеа тежок пад на денешниот спуст кој се возеше на патеката во Кицбил. Патеката која и во минатото била сведок на тешки инциденти, овојпат беше кобна за Урс, кој лошо го процени последниот скок, ја загуби рамнотежата и падна непосдредно пред да влезе во целната рамнина.
Скијачот леташе со брзина од 146,7 километри на час, а по падот, остана да лежи неподвижен на снегот. Трката веднаш беше прекината, а повредениот скијач со хеликоптер беше пренесен во болница. Првичните информации се дека Урс не бил при свест, но подоцна закрепнал и почнал да ги препознава луѓето околу себе.