Швајцарецот Урс Киренбил ги исплаши сите со страотниот пад на глава на спустот во Кицбил, по што трката беше прекината, а има неколку повреди, но е во стабилна состојба.
Киренбил има тежок потрес на мозокот, настрадаа и лигаментите на коленото, а ја скрши и клучната коска, но е свесен. беше пренесен со хеликоптер во болница по падот пред целта со брзина од околу 150 километри на час.
https://www.youtube.com/watch?v=HLL_0DJPCDo&feature=emb_logo
Швајцарецот комуницира со лекарите и го препознал својот тренер, кој пристигна во болница со него. Спустот во Кицбил е еден од најтешките во светот на скијањето, а и овојпат имаше тежок пад, што за среќа сепак не е закана по живот за Киренбил.