Енис Барди конечно доби шанса за кам-бек на фудбалскиот терен и одигра десеттина минути во финишот на мечот против Валјадолид.
Нашиот репрезентативец влезе во игра во 84. минута кога веќе беше 2:2, што е и конечен резултат на мечот.
Барди немаше играно од 8. ноември лани поради повреда на грбот и пропушти 12 натпревари, а и на 13-от против Кадис иако беше резерва, немаше минутажа.
Први поведоа домаќините со голот на Гомес во 62. минута, но за само 300 секунди Валјадолид поведе со 1:2 со головите на Алкарас и на Плано од 73. до 78. минута.
За да продолжи серијата од 8 меча без пораз на домашен терен на Леванте се погрижи Роџер Марти со израмнувачки погодок во 83. минута