Четворица фудбалери и претседателот на бразилскиот фудбалски клуб Палмас, загинаа во авионска несреќа, и ја потресоа бразилската и светската јавност. Палмас е клуб кој се натпреварува во четвртата лига.
Бразилските медиуми информираа дека во авионот биле играчите Лукас Прашедес, Гиљерме Ное, Рануле и Маркус Молинари, сите на возраст од 23 до 28 години, како и претседателот Лукас Меира кој имал 32 години, а загинал и пилотот кој се викал Вагнер.
Авионот паднал непосредно по полетувањето од пистата во Лузимагнуес, на 60 километри од Палмас, и веднаш по падот се запалил.
Уште се свежи сеќавањата на несреќата која се случи кон крајот на 2016 година, кога настрада речиси целата екипа на Шапекоенсе во несреќата во Колумбија, а овој нов аеро инцидент само додава сол на раните.