Живко Мукаетов останува на функцијата претседател на Ракометната федерација на Македонија отако доби писмена поддршка од клубовите за нов избор и мандат пред Изборното собрание на 31 јануари.
Грото клубови се изјаснија за континуитет и останување на успешниот македонски стопанственик и сопственик на „Алкалоид“ на челната позиција во РФМ.
Мукаетов стана претседател на Федерацијата од 2013 година во спортот што е број еден во Македонија. Машката репрезентација има континуитет на настапи на големите натпреварувања, во неговиот мандат Македонија организираше неколку европски и светски првенства во младински категории, а во следната година ќе бидеме и коорганизатори на ЕП во женска конкуренција заедно со Словенија и Црна Гора.
Изборното собрание ќе се одржи во недела, но јасно е дека сегашниот претседател ќе добие нов мандат во траење од четири години.