Барселона се дави во долгови – Дури 19 клуба чекаат вкупна исплата од 196 милиони евра

Управата на Барселона обелодени каква е финансиската состојба во клубот околу трансферите кои се комплетирани изминативе неколку години.

Имено, актуелниот шпански вицепрвак должи дури 196 милиони евра на вкупно 19 клуба од коишто се купувале играчи. Најголем дел од сумата треба да биде исплатена на Ливерпул за услугите на Филипе Кутињо, околу 40 милиони евра.

Најголемиот дел од долгот за трансферите, поточно 126 милиони евра, мора да се подмири до крајот на актуелната сезона, во спротивно каталонскиот гигант се соочува со прекршување на правилата околу финансискиот ферплеј.

Доколку се земе предвид целокупниот долг, Барселона е во финансиска криза од над една милијарда евра, односно овој долг порасна за речиси 50% во 2020 година.

Овој долг дефинитивно ќе ѝ ја отежни работата на новата управа, која ќе направи сè за да го задржи Лионел Меси, а не ќе може да му понуди висока плата.

- Оглас -

Најнови вести