Барселона начека полоши од нив со финансии, им нуди 15 милиони евра за шпански репрезентативец

Барселона бара замена за Жорди Алба, а на врвот на листата со потенцијални засилувања е левиот бек на Валенсија, Хосе Гаја.

Каталонците сметаат дека Гаја има квалитет за да го замени Алба, а ѝ нуди 15 милиони евра отштета на Валенсија.

Барселона е во опасна финансиска криза, објавено е дека на неколку клубови им должи 196 милиони евра, но Валенсија е во уште поголема финансиска дупка, па можно е и за помала сума од реалната вредност на Гаја да го продаде шпанскиот репрезентативец.

Гаја е еден од најдобрите леви бекови на планетата, има само 25 години и може да биде екстра засилување за Барселона.

Валенсија поради финансиската криза летоска распродаде речиси пола тим. Си заминаа капитенот Парехо, Феран Торес, Родриго,  Коклан, Кондогбија, Коста, Флоренци.., а сега на прагот е да си оди уште еден исклучително квалитетен играч и репрезентативец на Шпанија ако се оствари најавениот трансфер на Гаја во Барселона.

 

- Оглас -

Најнови вести