Точно пред седум години, играчиште потпиша за Челзи, но тие не знаеја што имаат

На денешен ден точно пред седум години, на 23 јануари 2014 година, тогаш 22-годишниот египетски фудбалер Мохамед Салах потпиша договор со Челзи. Салах во Челзи дојде од швајцарскиот Базел. Но за Сините одигра само 13 меча и даде два гола.

Челзи го позајмуваше Салах во Фиорентина и Рома, пред да им го продадат на Римјаните во летото 2016 година. Една година подоцна, Египќанецот од Рома премина во Ливерпул и стана еден од најдобрите фудбалери во Премиер лигата и светот воопшто.

Грешна проценка на Челзи или Мо толку многу напредуваше во Рома? Како и да е, сега Сините сигурно жалат што лесно се откажаа од ваков играч.

- Оглас -

Најнови вести