Кошаркарите ги дознаа саатниците за дуелите од турнирот во Перм

Машката сениорска репрезентација на Македонија ќе ги одигра решавачките натпревари од квалификациите за Евробаскетот 2022 во доста рани термини, одлучи натпреварувачката комисија на ФИБА. Рани според македонската пресметка на времето кое е „четири часа“ оддалечено зад часовната зона во Перм, каде што ќе се игра и февруарскиот балон од квалификациите.

Првиот натпревар на турнирот кој ќе се игра во арената „Молот“, многу извесно без присуство на публика, ќе го играме против селекцијата на Италија од 15:30 по македонско, односно 19:30 часот по локално време. Ден подоцна во истиот термин, Македонија ќе го одигра и дуелот против домашната селекција на Русија.

Вториот натпревар на турнирот во Перм против репрезентацијата на Италија ќе го играме на 21 февруари, во најран можен термин, од 13 часот по наше сметање, односно 17 часот по локално.

Веројатно пресудниот меч за пласман на завршниот турнир на најдобрите европски селекции, против Естонија, е предвиден за 22 февруари, со почеток од 15 часот по македонско време, односно во 19 часот по локално.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ НА ТУРНИРОТ ВО ПЕРМ

18 февруари

Италија – Македонија

19:30 локално време (15:30 во Скопје)

19 февруари

Македонија – Русија

19:30 локално време (15:30 во Скопје)

21 февруари

Македонија – Италија

17:00 локално време (13:00 во Скопје)

22 февруари

Естонија – Македонија

19:00 локално време (15:00 во Скопје)

- Оглас -

Најнови вести