Алегри потпиша преддоговор, но од новиот клуб бара да му исполни еден важен услов

Трофејниот тренер Масимилијано Алегри веќе потпишал преддоговор со Рома, но за да се официјализира соработката, Римската волчица треба да исполни еден многу важен услов. Според пишувањата на италијанските медиуми, Алегри се согласил од следната сезона да седне на клупата на Рома, но само под услов ако тимот се избори за играње во Лигата на шампионите.

Доколку Рома успее да се пласира во елитната европска лига, Алегри би добил договор од две години со можност за продолжување на уште една сезона. Искусниот стратег би заработувал по 4,5 милиони евра, што сепак е помалку од времето кога беше на чело на Јувентус.

Како предводник на Старата дама, Алегри се радуваше на пет титули во Серија А, четири во Купот на Италија и два трофеи во Супер купот. Рома сакаше да го потпише тој преддоговор за да се осигури дека Алегри нема да најде друг ангажман во овој период.

Актуелниот тренер на Рома, Пауло Фонсека, е во лоши односи со дел од играчите, па некои шпекулации се дека Алегри би можел и порано од предвиденото да го заземе тренерското место во Римската волчица. Рома моментно е на третото место на табелата со 37 бодови, шест помалку од лидерот Милан, но само еден повеќе од петтопласираната Аталанта.

 

- Оглас -

Најнови вести