Рајан Делани се најде во чудна и многу сериозна ситуација по хорор повредата во дуелот меѓу неговиот тим Болтон и Транмере, а увото и буквално му висеше по страотниот судар со Лијам Фини.
Делани продолжи да игра и постапи многу храбро со оглед на ситуацијата, а за да биде уште почудна ситуацијата, беше и исклучен поради два жолти картони. Продолжи и да тренира со соиграчите од Болтон во текот на оваа седмица, сè до операцијата што ја очекува викендов.
„Беше страшно да се гледа. Увото му висеше како на конец. Му се восхитувам на Рајан. Покажа неверојатна храброст и остана на терен, а потоа и цела седмица тренираше со нас. Го замолив да одмори, но само ми рече дека не е ништо страшно, тоа е само уво“, изјави менаџерот на Болтон Ијан Еват.
Делани има 24 години и сега ја очекува операцијата за да му го спасат увото, а ќе мора да паузира и поради зафатот, но и поради исклучувањето на дуелот со Транмере.