Атлетико Мадрид на утрешното гостување кај Кадис ќе биде без двајцата првотимци Јаник Караско и Марио Ермосо.
Крилото и дефанзивецот на Јорганџиите се позитивни на корона-вирусот, се утврди по вчерашните тестирања во пресрет на 21-то коло во Ла Лига.
Двајцата членови на Атлетико се веќе сместени во самоизолација според здравствениот протокол, па затоа во наредните две недели ќе отсуствуваат од клупските обврски.
Инаку, Атлетико утре со евентуална победа против Кадис ќе може да стигне до 50 бода и да се зацврсти на врвот на табелата во шпанското првенство.