Горан Пандев испиша историја во италијанскиот фудбал

Џенова како гостин го победи Кротоне со убедливи 3-0, а Горан Пандев со влегувањето во игра во 71-вата минута, изедначи еден рекорд во Серија А откако за победа се доделуваат три бода. Пандев по 154-ти пат во кариерата влезе во игра од клупата за резерви, и тоа е изедначување на рекордот на Серџо Пелисие.

На следниот меч на кој Пандев ќе влезе како резерва, ќе постави рекорд и ќе испише историја во италијанското елитно друштво како најкористена резерва. Пандев кога влезе во игра, веќе беше 3-0 за неговиот тим, па придонесот му беше во задржување на убедливата предност. После оваа победа, трета во последните четири кола, Џенова е 14-та, со 6 бода плус од опасната зона.

- Оглас -

Најнови вести