Купот им е важен и на Интер и на Јувентус, ќе тактизираат

1001 Шефилд јунајтед – ВБА (19.00 часот)

Ова е таканаречено дерби на дното во Премиер лигата бидејќи станува збор за двете најлошо пласирани екипи на табелата. Кога игра Вест Бромич, обично тоа се ефикасни мечеви барем со три гола затоа што тимот од Бирмингам има лоша одбрана (50 примени голови на 21 меч). Но, Шефилд е најнеефикасен тим во лигата само со 12 постигнати голови на 21 настап. Во првиот дел од сезоната, во ноември, беше 1-0 за ВБА. Шефилд дома од октомври не знае за нерешено.

Предлог тип: 1Х & 2-3 (2.60)

 

1002 Вулверхемптон – Арсенал (19.00 часот)

Гостите се во многу подобра форма, Арсенал од 19 декември нема премиерлигашки пораз. Од друга страна, Вулфс еден и пол месец не знае за победа, во последните четири кола освоија само еден бод. Само Манчестер сити има помалку примени голови од Арсенал, а Топчиите од ноември наваму или победуваат или губат на гостински терен. Арсенал од 1999 секогаш победува во Вулверхемптон, исклучок е поразот во 2019 година.

Предлог тип: 2 (2.30)

 

1003 Манчестер јунајтед – Саутхемптон (21.15 часот)

За Црвените ѓаволи овој меч доаѓа во вистински момент. Ако сакаат титула, мора да победат, а Саутхемптон е тим кој е во лоша форма и има три порази по ред. Ако Јунајтед повторно киксира, ќе може да се каже дека се во криза. Тие сезонава полошо играат во Манчестер отколку на гости, но мора некого и да совладаат на „Олд Трафорд“. Од последните пет нивни дуели, на четири било ГГ, и тоа барем со по два гола на двете страни.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.20)

 

3051 Интер – Јувентус (20.45 часот)

Интер нема да смета на Лукаку, но Конте има доволно напаѓачи во составот. Играњето дома и не е голема предност кога се игра без публика, а треба да се знае дека во ова полуфинале ќе има и реванш во Торино на 9 февруари, па ова се само први 90 минути во битка за финалето. Јуве откако загуби токму од Интер на 17 јануари, на следните четири меча победуваше без примен гол. Интер дома е опасен, но и Старата дама ќе сака да извлече поволен резултат пред реваншот.

Предлог тип: 0-2 гола (1.87)

 

2835 Борусија Дортмунд – Падерборн (20.45 часот)

Ова е осминафинален дуел од Купот на Германија и нема реванш, туку патникот во следната рунда мора да се одлучи вечерва. Борусија има многу повредени играчи, но секако е фаворит за победа против второлигашот. Падерборн во минатото коло во Купот како гостин го елиминираше Унион Берлин, но ова гостување е потешко. Падерборн во минатата сезона беше бундеслигаш, а нивните два меча беа со вкупно 13 гола (на едниот седум, на другиот шест).

Предлог тип: 1 & 4+ (2.12)

- Оглас -

Најнови вести