1618 Монтреал канедијанс – Ванкувер канукс (НХЛ, 01 часот)
Никој во НХЛ нема таква серија како што е во случајот со Монтреал во натпреварите против Ванкувер. Најтрофејниот клуб во НХЛ со 24 шампионски круни има низа од 13 натпревари без пораз во регуларен дел против Канукс, што за лига која е најсилна хокеарска на светот е фрапантно.
Монтреал и ноќеска го декласираше Ванкувер со 6:2 и повторно е фаворит за победа. Одлично функционираат сите линии во нападот на Канаѓаните, па Канукс немаа решение за расположените офанзивци на ривалот и претрпеа висок пораз.
Сега повторно ќе се игра во „Бел центар“ во Монтреал, за една ноќ Ванкувер не може нешто драматично да промени, па типуваме дека повторно ќе загубат од 24-кратниот првак во НХЛ-лигата.
Предлог тип: 1 (2.10) Супер тип на Sport Life
8508 Бруклин нетс – Лос Анџелес клиперс (НБА, 01.30 часот)
Најавено е дека Џејмс Харден нема да игра за Бруклин нетс во дербито на НБА-програмата од шест натпревари што ќе се играат ноќеска.
Популарната Брада има повреда на бутниот мускул и ќе одмори, но во двата тима има многу НБА-ѕвезди од највисок ков. Дурант и Ирвинг во таборот на домаќините против Ленард и Џорџ кај Клиперс ќе бидат дуелите што се во фокусот и се очекува фановите на кошарката да уживаат во исклучително ефикасен меч.
Се работи за извонредни индивидуалци кои можат сами да решат меч, а тоа ветува возбудливо дерби со многу поени.
Особено што вечерва за гостите нема да играат веројатно и двајцата најдобри дефанзивци што ги имаат, Беверли и Батум.
Бруклин со доаѓањето на Дурант и на Харден стана машина за поени, игра екстра ефикасна кошарка, а Клиперс исто така сакаат да играат брза кошарка, па ќе типуваме на плус поени.
Предлог тип: >242.5 поени (1.89)
8424 Сент Луис блус – Аризона којотс (НХЛ, 02 часот)
Прекланскиот НХЛ првак, Сент Луис се разигра и има три победи по ред и како фаворит го чека тимот од Аризона. Со победа популарните Блус ќе останат на врвот на табелата во Западната конференција и како играат блиску се до четвртиот триумф по ред.
Искусниот напаѓач Брејден Шен повторно игра извонредно и тој е лидер на тимот што има екстра-квалитет и ќе биде кандидат и за титулата. Пријатно изненадување е младиот Џордан Киру, кој собра 10 поени досега, со пет гола и пет асистенции и во тој сегмент е најдобар заедно со Шен во составот на Сент Луис.
Аризона се надева дека ќе успее да се избори за настап во плејофот, но има послаб тим од Сент Луис и ноќеска ќе загуби од домаќинот во „Ентерпрајз центар“ во Сент Луис.
Предлог тип: 1 (1.95)
8426 Колорадо авеланш – Минесота вајлд (НХЛ, 02.30 часот)
Колорадо беше означен како еден од главните фаворити за титулата пред стартот на оваа сезона и засега ги исполнува очекувањата.
Ноќеска загубија како гости токму против Минесота, а Бродин само по 18 секунди во продолженијата, погоди за победа на Вајлд. Интересно е што само една ноќ претходно Колорадо ја декласира Минесота како гостин со 5:1.
Сега повторно играат истите екипи, третпат по ред, но овојпат во Денвер, па Колорадо е фаворит. Авеланш имаат топ-екипа, повторно ги предводи извонредниот Нејтан Мекинон, кој лани имаше брилијантен учинок со 118 поени во целата сезона во НХЛ-лигата.
Колорадо игра одлично на свој терен веќе подолг период. Така беше во минатите години и сега е така, билансот е 3 победи и само еден пораз, а типуваме дека ноќеска ќе си го подобрат ефектот.
Предлог тип: 1 (1.95)
8427 Едмонтон ојлерс – Отава сенаторс (НХЛ, 04 часот)
Дуелите на двете канадски екипи во последните неколку години се исклучително добри и со неверојатен број голови. На последните 7 меѓусебни натпревари меѓу Едмонтон и Отава секогаш имаше шест или повеќе голови, а се надминаа пред две ноќи, кога Ојлерс во меч со 13 погодоци славеа со 8:5.
Отава повторно тргна слабо во нова сезона во НХЛ-лигата и има само една победа на 9 натпревари, а и ноќеска се аутсајдери против Едмонтон.
Лидер на Ојлерс е извонредниот Конор Медејвид, хокеар што само во првата од петте сезони како играч на Едмонтон не успеа да ја мине границата од 100 поени.
И сега е лидер во НХЛ со импресивни 22 поени, пред соиграчот Леон Драјсајтл, кој има 21 поен и очекуваме засега најдбриот тандем во НХЛ повторно да ја наполни мрежата на Отава.
Предлог тип: 1&5+ (1.93)