Му даде гол на Арсенал, па од клупата го следеше пристигнувањето на сопругата од болница

Рубен Невеш постигна гол против Арсенал во победата од 2:1 на Вулверхемптон вечерва на „Молињу“, а потоа од клупата за резерви го следеше заминувањето на неговата сопруга по породувањето во Португалија.

Невеш беше прецизен од белата точка во финишот на првото полувреме и потоа остана на теренот до 74-тата минута, кога беше заменет.

Португалецот доби дозвола од тренерот на Волците, Нуно Еспирито Санто, со помош на мобилен телефон да се вклучи во живо и да контактира со неговата сопруга, која пред три дена го донесе на свет нивното трето дете, Сат Невеш.

Семејството Невеш имаше многу проблеми при раѓањето на првото дете, сопругата на Рубен имаше компликации, па разбирливо е под каков стрес вечерва беше фудбалерот на Вулверхемптон, но се мина во најдобар ред.

 

- Оглас -

Најнови вести