Каква легенда: Буфон го одигра 1.100-тиот меч во кариерата

Јувентус го победи Интер во Милано со 2:1 во првиот меч од полуфиналето на Купот на Италија и сега е на чекор од влез во финалето. Старата дама со пресврт стигна до победата, и тоа благодарение на двата гола на Кристијано Роналдо. Освен Роналдо во нападот, еден од најзаслужните за победата беше и Џанлуиџи Буфон на голот на Јувентус.

Легендарниот Буфон неодамна го прослави 43-тиот роденден, но потврдува дека за него нема граници и синоќа бранеше одлично. За Буфон тоа беше јубилеен 1.100-ти натпревар во кариерата, нешто со кое може да се пофалат многу мал број на фудбалери во историјата.

Буфон во дресот на Јувентус има 679 натпревари, во Парма бранеше на 220 меча, а за селекцијата на Италија има 176 настапи. Тука се и неговите 25 меча како голман на ПСЖ, па со тоа се комплетираат 1.110 натпревари.

„Една легенда, 1.100 настапи“, стои на твитер-профилот на Јувентус.

 

- Оглас -

Најнови вести