Кога е во прашање Супербол финалето во САД, се уриваат бариери, не постои забрана што може да го спречи спектаклот и најважниот меч во годината за Американците, а и сега, и покрај пандемијата со ковид-19, ќе се игра со присуство на навивачи на 7 февруари на стадионот „Рејмонд Џејмс“ во Тампа.
Дозволено е да се направи исклучок од сите останати натпреварувања каде што не е дозволено да има публика, а третина од капацитетот на стадионот во Тампа, или 22.000 луѓе ќе можат во живо да го следат големото финале меѓу Канзас сити чифс и Тампа беј бјукенерс.
Вкупниот капацитет на стадионот е 65.000 места, третина од нив ќе бидат пополнети со навивачи на двата тима, а ќе мора да носат маски и да ги почитуваат препораките дури на 7.500 здравствени работници што ќе бидат на стадионот.
Флорида е третата најзагрозена држава во САД според бројот на заразени и починати луѓе од ковид-19, но за Суперболот се направи исклучок од строгите мерки што важат во државата.