Мустафи прави пресврт, ќе игра во Лига со најмногу светски шампиони

Трансферот на Шкодран Мустафи од Арсенал во Шалке 04 ја направи Бундеслигата најтрофејна според фудбалерите што имаат освојувано шампионски круни на Светските првенства.

Стоперот и поранешен германски репрезентативец си замина од Лондон во Гелзенкирхен во зимскиот преоден рок што заврши пред некој ден и е 14-ти фудбалер што сезонава ќе игра во Бундеслигата, а и се радувал на популарната Божица, односно на пехарот наменет за најдобрата репрезентација на планетата.

Мустафи беше член на Елфот на Мундијалот во Бразил, кога со Германците ја освои највредната фудбалска круна на планетата.

Со него уште 13 активни фудбалери во Бундеслигата биле светски прваци со своите репрезентации. Зад Бундеслигата на второто место е шпанската Ла Лига со 13 играчи што биле светски шампиони, а интересно на третото место е Ла Лига во Франција.

Премиер лигата, која најчесто ја истакнуваат како најатрактивна и најдобра лига на светот, е на четвртото место, а Топ-5 завршува со Суперлигата на Турција.

 

- Оглас -

Најнови вести