Короната е немилосрдна – Ја одложи ждрепката на Отвореното првенство на Австралија

Ждрепката за првиот тениски гренслем-турнир, Отвореното првенство на Австралија е одложена и нема да се одржи денеска поради бизарен случај.

Утре тенисерите учесници ќе знаат кои им се противниците во Мелбурн откако еден работник во хотел каде што престојуваат тенисерите и тенисерките е зарезен со ковид-19.

Ждрепката беше планирана за денеска, но ќе се одржи утре, а турнирот почнува во понеделник. Пролонгирани се и сите натпревари на тениските турнири што моментно се играат во Австралија, па денеска нема да има тенис.

Австралијците направија план со кој околу 1.200 играчи пристигнаа со 15 посебни авионски летови, но откако на тестовите се покажа дека има и заразени со ковид-19, организиран беше и карантин.

Најавата е дека сепак турнирот ќе почне навреме, во понеделник, со дуелите од првото коло.

 

- Оглас -

Најнови вести