Надал е комси-комса: Не е лошо, но не е ни добро пред предизвикот да стане најтрофеен гренд-слем шампион

Рафаел Надал вели дека не е максимално подготвен пред стартот на Отвореното првенство на Австралија, турнир на кој може да го мине Роџер Федерер на вечната листа со тенисери кои имаат најмногу гренслем-трофеи.

Засега двете големи легенди се израмнети со по 20 титули на четирите најценети светски тениски турнири. Федерер нема да игра, па Надал има шанса да го мине со 21 пехар на гренслем-турнирите, но не е оптимист.

„Не е до толку лошо, но не е и најдобро. Чувствувам болки во грбот. Не сум опседнат со бројот на гренслем-титули. Секогаш сакам да одам чекор по чекор, па сега е најважно да играм во Мелбурн. Нека почне, па ќе видиме што ќе се случи“. вели Надал.

До стартот на првиот гренслем во сезоната има уште четири дена, а денеска имаше проблем со корона-вирусот во Мелбурн, па ждрепката е одложена за утре.

Од вкупно 20 гренслем-трофеи, Надал има само еден во Мелбурн, а го освои со триумф во 2009 година.

 

 

- Оглас -

Најнови вести