Роналдо може да постави важен голгетерски рекорд во Јувентус

На Кристијано Роналдо му требаат 13 гола на следните 11 меча за да го урне рекордот на Омар Сивори како фудбалер кој најбрзо постигнал 100 голови во дресот на Јувентус.

Португалецот во 2018 година стана член на Старата дама и постојано брка некакви рекорди, а следна цел му е да се обиде да го стигне или надмине легендарниот Сивори кој како играч на Јуве ги полнеше противничките мрежи од 1957 до 1965 година. Сивори својот 100-ти гол за Јувентус го даде на својот 124-ти меч.

Роалдо во моментов има 87 погодоци за Јуве на 112 меча. Со 13 гола на следните 11 меча би поставил нов клупски рекорд, а ако даде 13 гола на следните 12 меча, би се изедначил со Сивори.

- Оглас -

Најнови вести