Дисциплинската комисија на УЕФА поради земање допинг, го суспендира голманот на Ајакс, Андре Онана, со забрана за настап во траење од една година. Од холандскиот клуб најавија жалба во Спортскиот арбитражен суд и го бранат Онана дека по грешка зел лек (Ласикс) на жена му.
На 30 октомври минатата година во урината на голманот е откриена супстанцата Фуросемид, па тој во следните 12 месеци нема право да се занимава со фудбалска дејност ниту на локално, ниту на меѓународно ниво. Во УЕФА го казнија Онана дека како професионален спортист, должен е да знае што смее да користи, а што не смее и кои се забранети лекови на листата на допинзи.
Од Ајакс се надевале на условна казна за нивниот популарен голман или многу пократка суспензија од оваа 12-месечната. Според нив, имало докази дека тој не сакајќи и без да знае зел допинг.
„Утрото на 30 октомври тој не се чувствувал добро и зел таблета Ласикс за да си ја олесни состојбата. Случајно зел медикамент кој ѝ бил препишан на жена му“, велат од Ајакс.