Радамел Фалкао постигна прекрасен гол од слободен удар, доволен за победа на Монако против Каен, прва откако Тјери Анри е тренер на клубот од кнежевството.
Во 55. минута голманот на Каен, Самба воопшто не мрдна на гол-линијата, по велемајсторскиот удар на Фалкао, а тој момент го реши и победникот.
Анри немаше победа на пет меча по ред, откако за првпат е тренер во некој клуб, а Монако беше во страшна криза. Се уште се претпоследни со само 10 бода на 14 натпревари, но победата вечерва против Каен им дава надеж дека ќе побегнат од зоната за испаѓање.