Американецот Најџел Вилијамс-Гос на извонреден начин со шут во последната секунда ѝ донесе победа на екипата на Локомотив Кубањ во ВТБ-лигата против членот на Евролигата, Химки.
Најџел при приемот на топката од аут во последниот напад при резултат 90:90, загуби рамнотежа и падна на паркетот, но одлично се снајде. Од лежечка позиција успеа да додаде, а потоа во продолжението на акцијата и да го погоди последниот удар за победа на една секунда до крајот.
https://twitter.com/Eurohoopsnet/status/1358836323059175424?s=20
Локомотив славеше со 92:90, и тоа на теренот на противникот, па со биланс од 10 победи и шест порази се зацврсти на четвртата позиција. Химки има ефект од 6-7 во силната Регионална лига, а се наоѓа на осмата позиција, последна што води во плејофот за титулата.