Рафаел Надал со лесна победа во три сета го почна својот настап на Отвореното првенство на Австралија во тенис. Шпанецот, кој е втор носител и фаворит по Новак Ѓоковиќ, за 1 час и 52 минути го победи Србинот Ласло Ѓере со 6-3, 6-4, 6-1.
Надал цели 82 дена чекаше на својата нова победа, немаше триумф уште од ноември, кога на завршниот Мастерс го надигра Стефанос Циципас. Ѓере е 56-ти на АТП-листата, но не успеа посериозно да му се закани на Рафа, кој во 2009 го освои Отвореното првенство на Австралија.
И во второто коло Надал би можел да игра против Србин, и тоа против Виктор Троицки, кој има дуел со Мајкл Мо и во моментов Троицки води со 2-1 во сетови.