Славниот Ренџерс им гостуваше со рекордна посета, сега со виртуелна продажба на билети ќе го урнат рекордот

Шкотскиот второлигаш Инвернес сè уште го памети дуелот со славниот Глазгов ренџерс кога го урна и рекордот со продадени 7.753 билети од вкупниот капацитет од точно 7.822 места на стадионот „Каледонијан“ во Инвернес.

Сега се на добар пат да го урнат рекордот, иако трибините ќе бидат празни, а им помагаат и навивачите на Хартс. Двете навивачки групи на Инвернес и на Хартс досега купија 6.200 билети, а виртуелната продажба продолжува и до 26 февруари, кога ќе се игра мечот од Втората шкотска лига и веројатно ќе биде надмината продажбата на билети од рекордот при гостувањето на најтрофејниот шкотски клуб Глазгов ренџерс.

Симпатизерите на двете екипи ги купуваат билетите по цена од 5 фунти, но имаат можност да купат и пакет со сувенир и билет за 10 фунти.

Најавено е дека ако се надмине стартниот контингент од 7.500 билети, ќе се почне со нов, а според темпото на продажба се очекува поставување нов рекорд според продажбата на билети за меч што го играл Инвернес на домашен терен.

 

- Оглас -

Најнови вести