Манчестер јунајтед во Торино ќе му гостува на Реал Сосиедад

Дуелот меѓу Реал Сосиедад и Манчестер јунајтед во првата рунда од нокаут-фазата во Лигата на Европа ќе се одигра на „Алијанц стадионот“ во Торино, потврди УЕФА.

Баскијците ќе им бидат домаќини на Црвените ѓаволи во домот на италијанскиот првак Јувентус на 18 февруари. Одлуката овој дуел да се игра на неутрален терен беше донесена поради тоа што властите во Шпанија ги засилија мерките против корона-вирусот и забранија пристап на патници од Велика Британија до 16 февруари.

Слично решение беше најдено и за првиот осминафинален меч меѓу Лајпциг и Ливерпул во Лигата на шампионите, па овие две екипи ќе ги одмерат силите во Будимпешта, на „Пушкаш арената“.

Возвратниот дуел меѓу Сосиедад и Јунајтед останува да се одржи на „Олд Трафорд“ на 25 февруари.

- Оглас -

Најнови вести