Јувентус и Интер синоќа одиграа без голови на теренот во Торино, а тоа му одговараше на домашниот тим, кој се пласира во финалето на Купот. По завршување на мечот се случи вербален инцидент меѓу тренерот на Интер Антонио Конте и претседателот на Јувентус, Андреа Ањели.
Според италијанските медиуми, Конте, кој во минатото беше и на клупата на Јувентус, на Ањели му покажал среден прст, а потоа следуваше одговор и од Ањели.
https://twitter.com/i/status/1359283513158234113
Првиот човек на Јувентус на камера беше забележан како нервозно се симнува по скалите кажувајќи навредливи зборови упатени кон Конте.
„Е*и се. Замолчи. Гом*ар.“, беа само дел од зборовите кои ги извика Ањели кон Конте.
Quite a moment at the end of Juventus-Inter when Juventus president Andrea Agnelli screams towards Inter bench where Antonio Conte is:
“Fu** off shut up a**hole”#inclusion pic.twitter.com/kK2fLkQOWN
— Tancredi Palmeri (@tancredipalmeri) February 9, 2021