Иднината на Мохамед Салах во Ливерпул е неизвесна, неговото име се поврзува со трансфер во некој од другите големи европски клубови, па затоа големо внимание предизвика изјавата на претседателот на Баерн дека Салах е африкански Меси.
„Би ни била чест да имаме играч каков што е Салах. Според мое мислење, тој е африкански Меси и ги има сите вештини потребни за играње во најдобрите светски клубови. Неговите успеси во Ливерпул може да се споредат со тоа што го направија Меси во Барселона и Роналдо во Реал Мадрид“, изјави Карл-Хајнц Румениге.
Салах е водечки стрелец во Премиер лигата, а за Црвените на 184 меча даде 116 гола. Сепак, за жал на фановите на Баерн, Баварците не работат на негово ангажирање.
„Во моментов, тоа не ни е во плановите“, рече првиот човек на Баерн.