Македонскиот ракометен шампион Вардар ќе игра во нокаут-фазата во Лигата на шампионите благодарение на промените во форматот кои ги направи ЕХФ.
Поради проблемите предизвикани од пандемијата со корона-вирусот, од таборот на ЕХФ беа принудени да направат промени во најелитното клупско натпреварување, па сите 16 екипи-учесници во двете групи ќе играат во нокаут-фазата, почнувајќи од осминафиналето.
Првопласираната екипа ќе ги одмери силите со тимот кој е на осмото место, вториот тим ќе игра против седмиот, додека нема промени во дуелите меѓу третиот и шестиот тим, односно четвртиот против петтопласираниот.
Поради што често се одложуваа натпревари во изминатиов период, Вардар одигра само шест натпревари во групната фаза со учинок од една победа, едно реми и четири порази, па затоа се наоѓа на последното, осмо место во групата А само со три освоени бода.