За среден прст Конте ќе добие голема казна, истрага има и за Ањели

Фудбалската федерација на Италија, ФИЦГ, покрена истрага за инцидентот и вербалниот дуел меѓу тренерот на Интер, Антонио Конте, и сопственикот на Јувентус, Андреа Ањели, на реванш-дуелот од полуфиналето на Италијанскиот куп.

Јувентус со реми 0:0 ја задржа предноста од првиот меч, кога го победи Интер со 2:1 во Милано и се пласира во финалето на Копа дел Реј, но во реваншот имаше и неспортско однесување и на двете страни.

Конте, кој порано беше тренер на Јувентус му покажа среден прст на некогашниот газда Ањели, а и овој не му остана должен во недоличната вербална комуникација со навреди од двете страни.

„Е*и се. Замолчи. Гом*ар“, беа само дел од зборовите со кои Ањели му возврати на Конте за покажаниот среден прст.

ФИЦГ најави дека ќе го повика четвртиот судија на мечот како сведок, а најавија строги казни за учесниците во инцидентот, што, секако, повеќе ќе влијае на Интер бидејќи е можно Конте да биде суспендиран и да не го предводи тимот на одреден број натпревари од клупата.

 

- Оглас -

Најнови вести